Уште осум пожари избувнаа во Америка за само 24 часа, ветерот и грмотевиците создаваат дополнителна опасност, оганот не стувнува, пишувааат американските медиуми.

Метеоролошката служба предупреди на опасноста која ја носи невремето проследено со удари на гром и во Калифорнија и во јужниот дел на Орегон, што може дополнително да ја влоши ситуацијата.

Поради ширењето на пожарот, илјадници луѓе се подготвени да се евакуираат, вклучувајќи околу 2.000 од оние кои живеат во диви, заштитени подрачја во близина на езера и шуми.

Скоро 20.000 пожарникари беа ангажирани во гаснењето на пожарот, од кои 2.000 беа само во Орегон.