Верижна сообраќајна несреќа со повеќе од 133 возила долж автопатот се случи во Форт Ворт, Тексас. Според последните информации, во оваа сообраќајна трагедија има шест жртви.

Несреќата предизвикала долга блокада на сообраќајот и ги заробила возачите во нивните возила. Официјални лица велат дека минимум 36 лица се пренесени по болници, а вкупно 65 лица побарале медицинска помош.

Сообраќајната несреќа се случила во шест часот наутро по локално време, откако во текот на ноќта и утрото паднале леден дожд и лапавица.

Сите ленти на меѓудржавниот автопат морале да бидат затворени поради несреќата за која полицијата тврди дека е предизвикана од лошото време.