Опозицискиот пратеник Америко де Грациа доби заштита од италијанската амбасада

Три пратеници на венецуелската опозиција се засолнија во странски амбасади, откако им беше одземен пратеничкиот имунитет, јавува Би-би-си.

Троцата се дел од десетмината на кој им беше одземен имунитетот откако Врховниот суд на Венецуела рече дека тие треба да бидат под истрага за заговор, бунт и предавство на државата.

Пратениците Америко де Грасиа и Мариела Магаљанес се засолнија во италијанската амбасада, додека нивниот колега Ричард Бланко е во аргентинската. Пратеничката Магаљанес е во брак со Италијанец и побарала италијанско државјанство, на што амбасадата рекла дека таа ќе ја добие секоја можна заштита и е добредојдена во Италија.

Опозицијата предводена од Хуан Гваидо минатата недела се обиде да предизвика воен бунт против претседателот на државата Николас Мадуро.

Заменикот на Гваидо, Едган Замбрано, во средбата беше уапсен, а токму Врховниот суд нареди тој да биде однесен во воен затвор во главниот град Каракас. Судот тврдеше дека тој е во затвор поради флагрантно извршување на предавство на државата и предизвикување на граѓанска непослушност.