Владата на Венецуела синоќа ги отфрли барањата од европските земји наскоро да распише нови претседателски избори.

Лидерот на владејачката партија Диосдадо Кабељо, истакна дека лидерите како што е шпанскиот премиер Педро Санчез би требало два пати да размислат пред на Венецуела да ѝ „држат предавања“ за демократија.

– Кој го избра него? Никој не може да дојде и да ни наредува – потенцираше Кабељо.

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, претходно порача дека ќе го признае опозицискиот лидер Хуан Гаида за претседател доколку Владата не распише нови избори во текот на наредните денови.