Велика Британија прими околу 30 ЛГБТ Авганистанци, кои се плашат да се вратат во својата земја откако Талибанците ја презедоа власта, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

„Луѓето од ЛГБТ заедницата се меѓу најранливите групи под притисокот на талибанците во Авганистан, а многу од нив се соочуваат со растечки прогон, дискриминација и насилство“, се вели во соопштението.

Авганистанци, вклучувајќи студенти и активисти за правата на ЛГБТ, пристигнаа во Велика Британија во петокот.

Велика Британија евакуираше повеќе од 15.000 луѓе од Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта во средината на август.