Велика Британија го одреди 23 мај за датум на кој ќе одржи избори за Европскиот парламент, со надеж дека нема да мора да ги организира три години после референдумот за излез на земјата од Европската унија.

– Владата се уште планира да излезе од ЕУ со договор и да ги донесе неопходните закони пред 22 маја, за да не мораме да учествуваме на европските избори- изјави претставник на Владата.

Британската премиерка Тереза Меј вчера имаше телефонски разговори со некои европски функционери, пред утрешниот вонреден самит на лидерите на ЕУ посветен на Брегзит.

Премиерката денеска ќе ги посети Берлин и Париз каде ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон.