Иако Велика Британија одамна се откажа од стратегијата да постигне колективен имунитет, а со тоа да му овозможи на вирусот слободно да се шири меѓу најмалку ризичните категории на населението, сепак достапноста на вакцините конечно создаде шанса да се постигне отпорност без притоа да се жртвува јавното здравје. Како што покажуваат најновите бројки на Владата, државата е многу блиску до потребната граница од 60 отсто за колективен имунитет.
Заклучно до 14 март, процените базирани на резултатите од крвните анализи од примероци по случаен избор на возрасното население покажуваат дека Англија има најголем удел од 54,7 отсто од населението со развиени антитела на коронавирусот.