Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Велика Британија се искачи на 273, а еден ден порано изнесуваше 209, што е најголем пораст досега во бројот на заразени за еден ден, соопшти Министерството за здравство и социјална грижа на Твитер.

Според британската влада, повеќе од 23.500 лица во Велика Британија биле тестирани за коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Досега две лица кои биле заразени починале во Велика Британија.