Бруто-домашниот производ (БДП) на Велика Британија доживеа период на закрепнување откако претрпе најголем пад досега во вториот квартал на 2020 година поради пандемијата. Истата година беше забележан раст во третиот и до одредена мера во четвртиот квартал. На почетокот од оваа година, Бирото за национална статистика откри пад од 1,6 отсто во првиот квартал од 2021 година, ревидиран од 1,5 отсто. Како што покажува инфографикот, нештата одат во вистинска насока повторно во вториот квартал, со тоа што услужниот сектор беше двигател на обновата на растот.
Според бирото за национална статистика, британскиот БДП е зголемен за 5,5 отсто во вториот квартал (од април до јуни) од 2021 година, по олеснувањето на рестрикциите воведени поради пандемијата. Ова е ревидирано од првите процени за раст од 4,8 отсто. Сепак, бирото истакна дека сè уште треба да се работи на напредокот. Нивото на БДП во Велика Британија сега е 3,3 отсто под нивото пред појавата на пандемијата на коронавирусот на крајот од 2019 година, што е ревидирано од 4,4 отсто.