Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презема чекори за суштинско ограничување на правото за поднесување на барања за азил, со што луѓето кои илегално влегле во САД не ќе можат да аплизцираат за азил.

Ваквата мерка, која се очекува да стапи во сила во следните денови, ќе предвидува дека право за поднесување барање за азил во САД ќе имаат само лица кои на американска територија „влегле на легален начин преку официјалните гранични премини“.

Неименуван висок американски претсавник информира дека цел на Администрацијата е со оваа мерка да „ги насочува барателите на азил кон граничните премини, каде има повеќе ресурси, капацитети и службеници, кои експедитивно и ефикасно ќе ги обработиваат барањата“.

Американското Министерство за внатрешна безбедност соопшти дека сегашниот систем за доделување азил е „затрупан со преголем број барања за азил од странци, што прекумерно ги оптоварува државните капацитети и оневозможува брзо разгледување на апликациите на оние кои навистина заслужуваат да добијат азил“.

Согласно американските миграциски закони, претседателот на САД има право да го ограничи влезот на странци во земјата, доколку смета дека тоа е во национален интерес.

На најавата за воведување на новите мерки за азил реагираше Американската унија за граѓански слободи, која оцени дека законите на САД овозможува луѓето да поднесуваат барање за азил независно дали влегле преку официјални канали или не.

– Незаконски е да се ограничува тој принцип преку некаква агенција или указ, израви претставникот на Унијата, Омар Џадват.