Мајк Помпео, номиниран за функцијата државен секретар на САД, за време на велигденските празници заминал во тајна посета на Северна Кореја и се сретнал со лидерот Ким Џонг-ун, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на два добро упатени извора.

Целта на средбата била да се постават основи за директни преговори меѓу Трамп и Ким за севернокорејската нуклеарна програма.

Американскиот претседател вчера изјави дека биле спроведени преговори на „многу високо ниво“, без да соопшти други детали.