Уште еден ирански научник, кој минатата недела е пуштен од затвор во САД, во рамки на размената на затвореници, утрово пристигна во Иран, пренесе агенцијата Ирна.

Маџида Тахери на аеродромот во Техеран го пречекал помошникот министер за надворешни работи, Хосеин Џабери Ансари.

Тахери, кој се претставил како лекар кој е обвинет за заобиколување на американските санкции, поминал 16 месеци во затвор.
Тој е втор ирански научник, кој се вратил од САД во Иран од минатата недела.

Сирус Асгари се врати на 3 јуни во земјата откако е ослободен од обвинувањата за кражба на индусртиски тајни за време на универзитетски посети во Охајо.

Повеќе апсења и осуди се случија во САД откако претседателот Доналд Трамп во 2018 година го осуди меѓународниот нукеларен договор склучен со Иран во 2015 година и повторно му воведе санкции на Техеран.

Иран неодамна повика на размена на затвореници со САД, кои држат околу 15 Иранци според списокот на агенцијата „Франс прес“, на основа на официјални соопштенија и медиумски извештаи.