Ватикан испрати стотици илјади медицински маски во Кина за да помогне во борбата со епидемијата на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Ватикан, маските биле спакувани по 10 во вреќички и со ознака на папата Франциско и биле испратени во кинеските провинции Хубеи, Ѓенѓијанг и Фуџијан.

Папата Франциско претходно ја поздрави големата посветеност на Кина во борбата против коронавирусот и рече дека се моли за умрените, болните и нивните семејства.

„Ројтерс“ пишува дека повеќедецениските студени односи меѓу Ватикан и Пекинг се подобриле од септември 2018 година и потпишувањето на договорот за начинот на избор на католички епископи во Кина.

Кина објави дека има потреба од медицински маски, заштитни костими и очила.