Германскиот бундестаг започна со советување за законски измени кои би донеле до задолжителна вакцинација на деца, кои одат во градинка или на училиште, против сипаници, пренесуваат германските медиуми.

– Мојата желба е повеќе ниту едно дете да не се разболи од сипаници и никој да не умре како последица на оваа болест – рекол државниот секретар во министерството за здравство, Томас Гебарт.

Затоа, како што додал тој, треба да се постигне 95 отсто од граѓаните да бидат имуни на сипаници.

Законските измени предвидуваат од март следната година, родителите кога ќе ги запишуваат своите деца на училиште и градинка, задолжително да приложат и доказ дека нивното дете е вакцинирано против сипаници.