Сенаторот Берни Сандерс го поддржуваат 31 процент од демократски настроените Американци, или 16 отсто повеќе отколку главниот конкурент за местото кандидат на демократите на претседателските избори, Џозеф Бајден. Мајкл Блумберг го поддржуваат 19 проценти.

Поддршката од 31 процент од демократите за Сандерс произлегува од истражувањето кое заеднички го спроведоа Ен-пи-ар, Пи-би-ес и Мерист пул.

По победата на предизборите во Њу Хемпшир, популарноста на Сандерс порасна за 9 отсто, точно колку што изгуби Бајден, чија кандидатура сега е поддржана од 15 отсто демократи.

За пет отсто падна популарноста на Елизабет Ворен, која може да смета на поддршката на 12 отсто испотаници или три отсто повеќе од Ејми Клобучар.

Ексградоначалникот на Саут Бенда, Пит Бутиџиџ има поддршка од 8 отсто демократи.