Бурата Али, која денеска ја зафати Ирска, однесе два живота, швајцарска туристка чиј караван бил однесен од ветерот и маж кој загина кога врз него паднало дрво.

Невремето што денеска го погоди северот на Ирска и Шкотска и предизвика големи штети на ирскиот остров оставајќи десетици илјади семејства без струја, би требало утре да ослабе и да се премести кон северот на Англија и Велс.