Букурешт ќе забрани влез на постари возила во центарот на градот. Па така од идната година, сопствениците на автомобили кои се од пред 2000 година нема да може да возат во центарот на Букурешт. Посетители со автомобили од други градови ќе мора да плаќаат дневен билет за да возат низ градот.

Планот предвидува сите автомобили без еколошки сертификат или „евро 1“ и „евро 2“ да им се забрани да возат низ центарот на градот. Планот го објави градоначалникот Габриела Фирја и по 45 денови јавни дискусии овие мерки ќе бидат на гласање во општинскиот совет.

На автомобили од надвор од градот со сертификат до „евро2“ целосно им се забранува да влезат во Букурешт. Сопствениците на автомобили со „евро 3“ ќе може да возат низ центарот со купување вињетка што чини 15 евра за еден месец. Мерките се преземаат заради загадувањето на Букурешт каде веќе има над 1.6 милиони автомобили.