Унгарија ќе  се повлече од Договорот за миграција на ОН, бидејќи смета дека тоа е „опасност за светот”.

Глобалниот договор за безбедна, уредена и регулирана миграција беше одобрен во петокот од сите 193 држави членки на ОН, освен  САД, кои се повлекоа од него уште минатата година. 

Но, Унгарија реши да не учествува на предвидената церемонија во декември и да не го става својот потпис под финалната варијанта на документот. 

Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, на прес-конференција изјави дека текстот е целосно против безбедносните интереси на Унгарија.

– Тоа е закана за светот во смисла на инспирација на милиони луѓе да емигрираат, вели тој.

– Г лавната позиција е дека миграцијата е добар и неизбежен феномен. Ние сметаме дека миграцијата е лош процес, кој има многу сериозно влијание врз безбедноста, рече тој.

Сијарто рече дека предлозите на Унгарија биле одбиени за време на разговорите за договорот, и тоа е особено корисно за земјите од Африка и Латинска Америка, кои се најверојатно извор на мигранти.