Бројот на загинати во лавината во источниот дел на Турција се зголеми на 41, а екипите за спасување продолжуваат да ја пребаруваат областа во потрага по исчезнатите со помош на кучиња-трагачи.

Во лавината во вторникот вечерта загинаа пет лица. Потоа, околу 300 лица од службите за итни случаи биле повикани да излезат на патот во близина на местото Бахчесарај, кое е опкружено со планини и се наоѓа во провинцијата Ван, која граничи со Иран.

Меѓутоа, тие беа погодени од друга лавина во средата попладне. Според официјални податоци во втората лавина биле повредени 84 лица, пренесува АП.

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча рече дека 47 лица и натаму се во болница, од кои шест се на интензивна нега, но ниту еден не е во критична состојба.