Најмалку 96 лица, меѓу кои и цивили, загинаа во судир меѓу ривалските вооружени групи во главниот град на Либија, Триполи, соопштија денеска официјални лица.

Либиското Министерство за здравство соопшти дека во судирите од 26 август биле повредени 444 луѓе.

Како што се наведува, во вчерашните судири загинаа 11 лица, меѓу кои осум цивили, додека 33 лица се повредени. 

Со тоа е прекинато примирјето договорено на почетокот на месецот.

Во Либија од 2011 година, кога беше соборен од власт долгогодишниот лидер Моамер Гадафи, постојат две влади, една во Триполи, која има поддршка од ОН и друга на истокот на земјата.

Двете влади имаат поддршка од многу вооружени групи.