Брод со 87 мигранти, по потекло од Судан и Гамбија, денеска пристигна во јужното шпанско пристаниште Алгесирас, по еднонеделно пловење по Средозменото Море, откако не му беше дозволен пристап до Италија и Малта. 

Мигрантите пред една недела беа спасени во близина на бреговите на Либија од страна на брод на шпанската хуманитрана организација Проактива Оупен Армс и откако не му беше дозволено да вплови во некое од пристаништата во Малта или Италија, се упати кон Шпанија.

Франција кој остро ги критикува владите на Италија и Малта поради нивните одлуки да не дозволуваат пристап на бродовите со мигранти на нивна територија, најави дека ќе прифати „околу 20“ од мигрантите што денеска простигнаа во Шпанија.

Париз презема дел од мигрантите што ќе пристигнат во некоја европска земја, но одбива да им дозволи на бродовите да влезат во некое француско пристаниште, со образложение дека согласно поморското право, тие треба да впловат во најблиското безбедно пристаниште.

Според податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ), во текот на јуни и јули годинава при обид да стигнат до европското копно, во водите на Средозменото Море загинале вкупно 721 мигрант, што е за 124 повеќе во споредба со истите два месеци лани, иако годинава значително е намален бројот на мигранти кои се обидуваат од Либија да стигант до Европа.