Британските власти ги повикуваат луѓето кои планираат да одат на одмор во Грција, Италија и Романија да примат вакцина против мали сипаници, по серијата случаи . Германија, Франција и Србија се исто така, меѓу високоризичните земји, објави „Дејли Меил“.

Во Европа, случаите на мали сипаници лани се зголемија четири пати во споредба со 2016 година. Предупредувањето за туристите е издадено од експертите на Кралскиот колеџ за медицински сестри, и особено се однесува на оние што посетуваат музички фестивали, бидејќи малите сипаници се шират брзо во затворен простор со присуство на голем број луѓе.

Годинава во Англија досега има 729 потврдени случаи на сипаници. Лани, за споредба, имаше 274 случаи во текот на целата година.