Британија испрати свој посредник во Иран за да преговара за ослободување на нафтениот танкер „Стена Имперо“, соопшти Мохамад Мохамади-Голпајегани, шеф на кабинетот на иранскиот врховен лидер, пренесува иранскиoт информативен портал „Тасним“.

Напнатоста меѓу Иран и Британија се зголеми откако Иранската револуционерна гарда минатиот петок го заплени британскиот танкер, наведувајќи дека се судрил со рибарско бротче.

Портпаролот Голпајегани не изнел повеќе детали за престојот на британскиот посредник, но иронично ја коментирал неговата мисија.

– Земја која своевремено именуваше министри и правници во Иран дојде до точка да испраќа посредник кој моли танкерот да биде ослободен – изјавил тој.