Британскиот сериски убиец Питер Сатклиф, познат под прекарот „Јоркширски мевосек“ вчера починал на 74-годишна возраст, откако ја одбил терапијата за ковид-19.

74-годишниот Сатклиф отслужуваше 20 доживотни затворски казни во затворот Франкланд во округот Дурам за убиство на 13 жени и обид за убиство на уште седум.

Еден од најпознатите убијци во историјата на Велика Британија во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век е одговорен што британскиот град Лидс живееше во страв. „Јоркширскиот мевосек“ убил 13 жени помеѓу октомври 1975 година и ноември 1980 година и нападнал уште најмалку осум.

Синот на неговата прва жртва, кој имал пет години кога била убиена неговата мајка, изјавил дека смртта на убиецот „претставува еден вид крај“.

Според адвокатот Рут Банди, кој во тоа време ги застапувал жртвите на овие брутални убиства на првите пет жени од Лидс и околината, кои се случиле меѓу октомври 1975 година и јуни 1977 година, предизвикале „страв и ужас“ во Лидс.

– Стравот се всели во домовите на жителите. Сите беа сомнителни, ги гледаа соседите и размислуваа – можеби не е тој – рекла адвокатката Банди во документарниот филм година наречен „Досие за кланица Јоркшир: Британска криминална сторија“ во 2019 година.

Во период од 1975 до 1980 година секој што имал автомобил си ја возел жена си до дома и чекал да се заклучи влезната врата и да се запали светлото, се додека не се увери дека се е во ред.

Смртта на десеттата жртва, деветнаесетгодишната шалтерска службеничка Џозефин Витакер, која била пронајдена во Лидс во април 1979 година, била причина стравот да се претвори во хистерија.

– Пред нејзината смрт, многумина сметаа дека „Јоркширскиот мевосек“ убива само сексуални работнички. Нејзината смрт промени сè – ниедна жена веќе не беше безбедна, никој не беше безбеден, започна масовната хистерија. Луѓето изјавуваа дека нема да ги напуштат домовите додека не го фатат. Создаде култура на страв – изјавил поранешниот детектив Боб Бриџесток, кој работел на расветлување на случајот.

За пет години истрага, полицијата испрашала илјадници мажи, но стравот продолжил да лебди над Лидс. Сатклиф бил испрашуван дури девет пати, но тој не бил уапсен и убиствата продолжиле. Неговата мајка и сопруга му обезбедиле алиби, па на полицијата не им бил премногу сомнителен.

Убиецот на крајот бил уапсен во јануари 1981 година, кога полицијата го запрела затоа што бил во автомобил со лажни регистарски ознаки, во друштво со проститутка. Медиумите експлодирале, а луѓето излегле на улиците да слават и извикуваат пароли во кои се бара правда.

Сатклиф бил осуден на доживотен затвор и испратен на лекување во психијатриска установа, каде помина речиси 30 години. Оттаму во 2016 година тој беше префрлен во затворот Франкланд.

– Покрај тоа што убиецот беше затворен доживотно, семејствата на жртвите, всушност, издржуваат доживотна казна затвор – изјавила детективката Бриџит, кој била меѓу првите на местото каде била убиена Џозефин Витакер.