Британскиот принц Ендрју објави дека се повлекува од јавниот живот, пренесува „Ројтерс“.

Тој навел дека контроверзиите за неговиот непромислен однос со американскиот финансиер Џефри Епстајн, кој е осуден за педофилија, му нанеле голема штета на кралското семејство.

Ендрју истакнал дека се откажува од сите свои јавни должности во иднина. Принцот побарал и дозвола од неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, да се повлече.

Обидот на британскиот принц да ги разјасни пријателските односи со Епстајн во интервју за Би-би-си пред неколку дена предизвика многу негативни реакции. Тој за првпат во интервју одговараше на прашања во врска со осудениот педофил, во кое призна дека било грешка тоа што престојувал во неговата куќа.

Принцот категорично негира дека имал сексуални односи со Американката Вирџинија Робертс, која го обвини за сексуална злоупотреба во време кога била малолетна.