Парламентот на Велика Британија ќе биде суспендиран од денска до 14 октомври, потврди британската Влада, пренесуваат британските медиуми.

Портпаролот на Владата, Џејмс Слек истакна дека Парламентот ќе биде распуштен или суспендиран на крајот од денешниот работен ден.

Британскиот премиер Борис Џонсон претходно најави дека „ќе ги испрати дома“ пратениците во текот на неделата. Со суспензијата се ограничува можноста на Парламентот да ги спречи плановите на Џонсон за брегзит. Тој изјави дека Британија мора да ја напушти ЕУ на 31 октомври со или без договор.