Долниот дом на британскиот парламент со мнозинство гласови го усвои законот за излегување на Велика Британија од Европската Унија, отворајќи го патот брегзит да се спроведе на 31 јануари, како што инсистираше премиерот Борис Џонсон.

За законот гласале 330 пратеници, а 231 биле против. Законот ќе стапи на сила кога ќе биде потврден во Горниот дом – Домот на лордовите.

Овој исход се очекуваше откако ториевците освоија апсолутно мнозинство на предвремените избори на 12 декември лани, односно за да го изгласаат законот не им беа потребни гласовите на другите партии.