Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска доби одобрение за законот за брегзит во Парламентот, прв чекор кон исполнување на неговото изборно ветување за напуштање на блокот до 31 јануари.

Пратениците гласаа 358 спрема 234 во корист на второто читање на законот потребно за ратификување на договорот со Брисел за напуштање на ЕУ.

Следната фаза ќе биде завршена во јануари во Парламентот, пренесе агенцијата „Ројтерс“.