фото: Твитер

Британскиот министер за Брегзит, Дејвид Фрост синоќа објави дека поднесува неотповиклива оставка, поради загриженоста за насоката во која се движи Владата на премиерот Борис Џонсон.

Фрост, кој е поддржувач на Брегзит, ги предводеше обидите на Лондон повторно да ги отвори преговорите за условите за излегување на Велика Британија од Европската Унија.

Џонсон е на удар на критичарите, вклучително и за пишувањето дека неговиот персонал организирал забави минатиот Божиќ, кога земјата беше во карантин.