Британската полиција соопшти дека истражувачките екипи пронашле повеќе од 400 парчиња доказен материјал во истрагата за труењето на двајцата Британци со нервен агенс „Новичок“, но, на истражувачите најверојатно ќе им требаат уште многу недели за да најдат нови докази.

Метрополитен полицијата вчера соопшти дека нашла мало шишенце за кое се верува дека е изворот на нервниот агенс, со кој смртно беше отруена Даун Стурџес и доведе до разболување на Чарли Роули. Тоа било пронајдено во станот на Роули во југозападниот англиски град Амесбери.

Полицијата денеска соопшти дека е „значителен бројот” на доказниот материјал потенцијално контаминиран и го испратила во лабораторија за анализа.

Полицијата се обидува да дознае дали смртоносниот нервен агенс, со кој е отруен британскиот пар, е од истите резерви  користени при нападот во март на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.