Претставници од британската полиција допатуваа во САД, за да го испрашаат актерот Кевин Спејси во врска со обвинувањата за сексуалните напади.

Полицијата наводно истражува шест обвиненија против американскиот актер.

„Варајети“ пренесе дека британските власти веќе го испрашувале Спејси во мај.

Британската полиција не ги идентификува осомничените додека не биде подигнато обвинението, наведе „АП“.

Спејси во САД се соочува со обвиненија за наводен инцидент за „допирање“, што тој го негира.

Во меѓувреме, Спејси е ослободен од обвинението за злоставување на момче, откако оштетениот ја повлече тужбата.