Шамина Бегум (на фотографијата) се приклучила на ИД на 15- годишна возраст

Британскиот секретар за безбедност, Саџид Џавид, изјави дека нема да го дозволи враќањето на оние Британци кои заминале во Блискиот исток со цел да се приклучат на Исламската држава (ИД), пренесува весникот „Тајмс“.

Оваа одлука била донесена за време на дебатата за статусот на Шамина Бегум, која заминала да се приклучи на ИД кога имала 15 години. Бегум, која е 9-ти месец бремена, за британскиот весник изјави дека сака да се врати дома.

– Нема да се двоумиме да го спречиме враќањето на оние Британци кои поддржуваат терористички организации – изјави Саџид Џавид.

Бегун беше една од многуте девојки кои заминаа да се приклучат на прогласениот Калифат во 2015 година, во време кога ИД користеше онлајн-пропаганда со цел да привлече симпатизери на Интернет.