Велика Британија ќе се приклучи на американската мисија за заштита на нафтените танкери во Персискиот Залив поради можноста за нивно запленување од иранската Револуционерна гарда. Официјален Лондон изјави дека досега ниту една друга европска земја не прифатила да се приклучи во оваа мисија.

Британија ќе обезбедни два воени бродови во Заливот, кои ќе делуваат заедно со два американски, додека британските министери се обидуваат да ги „убедат“ и другите земји да се приклучат во оваа операција.

– Нашата цел е да изградиме најширока меѓународна поддршка – изјави секретарот за надворешни работи на Британија, Доминик Рааб. Тој дополнително инсистираше дека поширокиот меѓународен пристап на кралството кон Иран не е променет.

Франција и Германија навестија дека ќе одбијат да се приклучат на американската мисија, но В.Британија се надева дека со нивното приклучување, другите земји би биле биле убедени дека ова е вистинскиот чекор, иако се уште е нејасно дали тоа ќе се случи, констатираат од „Гардијан“.