Велика Британија упати конструктивна понуда до Брисел за брегзит и сега е подготвена да преговара за детаљите за договорот за излез од блокот, изјави секретарот за брегзит, Стивен Баркли.

– Насочени сме на постигнување на договор, бидејќи мислиме дека тоа е најдобро решение. Ова се сериозни предлози и мораме за нив да разговараме со ЕУ – рекол Баркли.

На прашањето за можно одлагање на брегзит, британскиот дипломат рекол дека за тоа мора да постои согласност од сите останати 27 држави членки на ЕУ.