Британската полиција го идентификува напаѓачот, кој со автомобил намерно удри во група луѓе пред зградата на британскиот парламент во Лондон. Станува збор за 29-годишниот Салих Хатер, британски државјанин со потекло од Сомалија.
Полицијата го приведе Хатер откако со автомобил прегази 15 велосипедисти и пешаци пред парламентот во Вестминстер, по што со возилото удри во заштитната ограда околу парламентарната зграда.

– Случајот сѐ уште се третира како тероризам, иако мотивите засега не се познати – изјави неименуван извор од британските безбедносни служби.
На профилот на Фејсбук на Хатер е посочено дека живее во Бирмингем, дека е шеф на продавница и оти студирал на Суданскиот научнотехнолошки универзитет. Завчерашниот инцидент беше четврти напад со автомобил во Британија во изминативе 18 месеци.