Лидерите на ЕУ на последниот самит во Брисел одлучија да почнат подготовки за санкции против Анкара. Како што пренесуваат западните медиуми, во нацрт-заклучоците од самитот, одржан минатата недела, се наведува дека Советот на Европската Унија (ЕУ), вклучувајќи го и министерот за надворешни работи Џозеф Борел, се повикува да „усвои дополнителни списоци“ што ќе бидат додадени на постојниот пакет санкции воведени поради „нелегалните турски активности за дупчење во источниот Медитеран“. Лидерите на шефот за надворешна политика на ЕУ му дадоа мандат до март 2021 година да презентира извештај за „состојбата на политичките, економските и трговските односи меѓу ЕУ и Турција“ и можностите за во иднина, што вклучува и можни санкции против турските бродови што вршат дупчење и истражување на гас и нафта во источниот Медитеран.
Турското министерство за надворешни работи ја повика Европската Унија да дејствува како чесен посредник во спорот што Турција го има со Грција и со Кипар за истражувањето на резервите на гас на истокот на Средоземно Море кога ЕУ поради тоа ги прошири санкциите за Анкара.