По зборовите на шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во врска со односите на Русија со ЕУ, се огласи Брисел.

– Нема да разменуваме ставови преку медиумите – рече портпаролот на ЕУ, Пeтер Стано.
Запрашан за последните пораки на Лавров за идните односи на Русија со ЕУ, Стано оцени дека ЕУ веќе добила одговор за време на посетата на шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, на Москва.

– Нема потреба да се коментира секоја изјава на Лавров. Важно е како се однесува Русија и што прави – рече Стано.

Од Брисел се најавува дека на 22 февруари министрите за надворешни работи на ЕУ ќе разговараат за понатамошните односи меѓу ЕУ и Русија во зависност од однесувањето на Русија.