Во пожар што денеска изби во рускиот град Орск загинаа најмалку седум лица, а Регионалното обвинителство в Оренбург покрена кривична истрага.

Пожарот изби во една станбена зграда, а потоа се пронајдени седум тела.

Се претпоставува дека тие настрадале од гушење со јаглен моноксид.

Меѓу жртвите, настрада и една брачна двојка со нивните три деца.