Габриел Шиптон, брат на затворениот основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, на митингот во Лондон изјави дека британскиот затворски систем работи со максимални сили за да ја уништи и последната надеж што му останала на Асанж, пренесува РТ.

Говорејќи на митинг вчера, пред британскиот Хоум офис, Шиптон ја опиша емотивната посета на својот ослабен и изгладнет брат, кој издржува казна од 50 недели во затворот „Белмарш“ за прекршување на условите за кауција во 2012 година.

Откако го прегрнал брата си за, како што мисли, последен пат, Шиптон опиша како потоа разговарал со својата ќерка, која прашувала зошто е затворен нејзиниот чичко.

-Дали тој направи нешто лошо, тато? праша таа. Се борев да ѝ објаснам на начин на кој ќе разбере петгодишник – вели тој.

Иако Асанж е затворен за прекршување на условите за кауција, неговите приврзаници тврдат дека казната е само период на задржување додека не се договори неговата евентуална екстрадиција во САД.