Базилското правосудство покренува истрага против претседателот Жаир Болсонаро за кажување невистини во изјавите за пандемијата на коронавирус.

Истрагата ја наредил еден од судиите на Врховниот суд, се наведува во соопштение од оваа институција, пренесе агенцијата ДПА.

За време на директен пренос на социјалните мрежи во октомври, Болсонаро ги поврза ковид-19 и ХИВ. Тој изјави дека луѓето кои се вакцинирани против ковид-19 имаат поголема веројатност да заболат од ХИВ.

Уште од почетокот на пандемијата, Болсонаро ја негираше сериозноста на вирусот и одби превентивни мерки и ограничувања. Бразилскиот претседател е скептичен и кога се во прашање вакцините. Го обвинуваат и за одбивање и одложување на набавката на вакцините.
Според официјалните податоци, повеќе од 22 милиони луѓе во Бразил досега се заразени со коронавирусот, а повеќе од 615.000 пациенти починале како последица на ковид-19.