Водечкиот кандидат за британски премиер и поранешен министер за надворешни работи, Борис Џонсон, го потврди своето ветување дека ќе ја извлече Велика Британија од Европската унија до 31 октомври, бидејќи во спротивно, како што рече, владата ќе се соочи со катастрофална загуба на довербата.

– Мораме да излеземе до 31 октомври, во спротивно, се плашам дека нашата политика ќе се соочи со катастрофална загуба на доверба – рече Џонсон во телевизиска дебата, во која учествуваа и останатите четири кандидати за иден премиер, пренесе „Ројтерс“.

Џонсон предупреди дека доколу Британија не излезе од блокот до тој рок, тогаш сите ќе почнат да плаќаат навистина висока цена.