Британскиот премиер, Борис Џонсон, планира да побара од Парламентот одржување вонредни избори на 12 декември. Тој смета дека тоа е единствен начин да се прекине застојот за брегзитот.

Наредните општи избори во Велика Британија се закажани во 2022 година и поради тоа, Џонсон бара одобрение од Парламентот за да се распишат вонредни избори. Тој веќе двапати се обиде да издејствува избори, но безуспешно.

Британскиот премиер вели дека до 12 декември пратениците ќе имаат доволно време да го прегледаат неговиот закон за брегзитот. Според тој план, Парламентот би продолжил да работи до 6 ноември, кога би почнала кампањата.