Најмалку 20 лица се убиени во самоубиствен бомбашки напад што денеска се случил во авганистанската провинција Нангархар.

Цел на нападот била група демонстранти кои бокирале магистрален пат што го поврзува Џалалабад и градот Торхам кој се наоѓа на границата со Пакистан.

Авганистанската полиција соопшти дека протестот бил против локален полициски началник. Не е јасно дали напаѓачот знаел зошто протестирале луѓето што ги нападнал.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.