Бомбаш-самоубиец активираше бомба во близина на висококатници во авганистанскиот град Гардез, јужно од Кабул, соопшти портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, пренесува „Спутник“.

-Бомбаш-самоубиец се разнесе во близина на висококатниците во градот Гардез откако беше идентификуван и стана цел на полицијата. Никој друг не беше повреден во експлозијата. Бомбашот загина – посочи Нусрат Рахими во соопштението за печатот.

Хекмат Нијази, локален известувач, за „Спутник“ изјави дека напаѓачот одел во правец на градската болница „Пактија“, но бил забележан и запрен на магистралниот пат.

Ниту една терористичка група не ја презеде одговорноста за нападот.

Експлозијата се случува еден ден откако авганистанската влада соопшти дека талибанците почнале напад во провинцијата Баглан, која се наоѓа недалеку од Кабул.