Најмалку 20 лица загинаа денеска при самоубиствен бомбашки напад во село во провинцијата Сар-и-Пул во северниот дел на Авганистан.

Како што соопшти началникот на полицијата на Сар-и-Пул, Абдула Квауома Бакизоија нападот го извршил припадник на џихадистичката група Исламска држава (ИД) за време на средба на повозрасни жители од селото со претставници на талибанците.

Според Бакизоија, меѓу загинатите при нападот е и еден командант на талибанските бунтовници.

Меѓутоа, првиот човек на локалниот Совет, Мохамед Нур Рахман, тврди дека нападот се случил во селската џамија за време на погребна церемонија.

Според бебзедносни извори, во судири меѓу талибанците и припадници на ИД во провинцијата Сар-и-Пул во последниве недели, загинале околу сто лица.