Неколку лица биле убиени во денешната експлозија за време на митинг на етиопскиот премиер Абију Ахмед во Адис Абеба, јави новинската агенција ДПА.

– Неколкумина беа убиени, а има и повредени во овој добро организиран напад. Ќе ги помниме тие што ги загубија животите како маченици – изјави Ахмед по инцидентот.

Десетици илјади граѓани на главниот град на Етиопија се собрале да му изразат поддршка на премиерот Ахмед и реформите што тој ги најави откако беше избран во април. Ахмед ослободи стотици политички затвореници и започна преговори за запирање на непријателствата со Еритреја.