Најмалку 15 лица се повредени во бомбашки напад на џамија во Кандахар, Авганистан, каде денеска се одржуваат претседателски избори.

Меѓу повредените има еден полицаец и неколку изборни функционери и Авганистанци кои дошле да гласаат, од кои тројца се во критична состојба. Експлозијата се случила еден час по отворањето на избирачките места.

Засега никој не презеде одговорност за нападот.

Претседателските избори во Авганистан се одржуваат во атмосфера на несигурност и страв од напади на талибанците, кои претходно се заканија дека ќе ги одвратат граѓаните да излезат на гласање.