Четири ученици загинаа денеска во сомалискиот главен град Могадишу, кога автомобил бомба експлодира во момент кога крај неа минувале колона оклопни возила на ЕУ.

Според сомалиската полиција, како што јави ДПА, учениците во моментот на експлозијата се движеле крај патот.

При самоубиствениот бомбашки напад нема жртви меѓу припадниците на мисијата на ЕУ, туку само е оштетено само едно од петте возила во колоната.

Извори во ЕУ соопштија дека возилата, со кои патувале војници на италијанската Армија, се враќале од обука на припадници на Вооружените сили на Сомалија.

Одговорност за нападот презеде сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.

– Наш бомбаш самоубиец изврши напад со автомобил бомба врз службеници на силите на ЕУ. Подоцна ќе објавиме детали за жртвите, се наведува во соопштението на Ал Шабаб.

Групата често врши напади врз припадници на странските мисии и претставници во Сомалија. Ал Шабаб се залага за создавање на исламска држава врз шеријатското право на Рогот на Африка.