Амeриканскиот советник за национална безбедност Џон Болтон изјави денеска дека плановите на Русија да ја снабдат Сирија со противвоздушен ракетен систем С- 300 претставува „значајна ескалација на Москва“.

Тој рече дека се надева дека Русија ќе ја преиспита таа одлука.

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу денеска изјави дека сириските вооружени сили ќе добијат модерен ракетен систем за одбрана С- 300 во рок од две недели.

Тој систем е способен да ги пресретне средствата за воздушен напад во круг повеќе од 250 километри и истовремено да погоди неколку воздушни мети, рече тој.