Патнички авион на „Ер Кина“, кој летал кон Пекинг, денеска морал принудно да се врати во Париз поради лажна терористичка закана.

Инцидентот се случил кога патник од Австралија не успеал да се качи на авионот поради безбедносна проверка на аеродромот.

Патникот му се јавил на пријател кој бил во леталото и му кажал што се случило, но патникот лошо слушнал и кренал тревога како во авионот да има бомба.

Пилотот на авионот „Боинг 787“ со 290 патници решил да се врати назад само 30 минути по полетувањето.

Патникот кој ја предизвикал забуната е сослушан од полицијата.